Косово договори силен тест-меч пред дуелот со Македонија за ЕП 2020!

Фудбалската федерација на Косово сериозно го сфаќа дуелот со Македонија во Лигата на нациите, а доказ за тоа е дека фудбалерите ќе имаат силен тест-меч пред полуфиналниот дуел во баражот за ЕП 2020.

Косовците ќе патуваат во Доха, Катар, каде ќе играат една пријателска средба. Противник ќе им биде селекцијата на Шведска, исто така учесник на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во јуни.

Натпреварот меѓу Шведска и Косово ќе се игра на 12 јануари, додека плеј-оф натпреварот со Македонија ќе се игра во март. Засега, нема најава за пријателски натпревар од страна на Фудбалската федерација на Македонија.