ВИДЕО: Косовецот Војвода ја „спакува“ Парма во Серија Б

Екипата на Торино славеше во директниот дуел за опстанок против Парма (1-0) и направи голем чекор напред кон прволигашки статус и следната сезона, додека ривалот се сели во понизок ранг.

„Млекарите“ се претпоследни со 12 бода дефицит од првото безбедно место, а до крајот на Серија А има уште четири кола и математички не може да се спасат. Иако се очекуваше далеку поефикасен дуел, сепак, еден гол го реши победникот.

  • Извештај од натпреварот:

Стрелец на „златниот гол“ за тимот од Торино беше косовскиот дефанзивец Мергим Војвода. Тој во 63. минута доби топка од Ансалди и се запиша во листата на стрелците, а до крајот овој погодок беше доволен за победа на „биковите“.

Сепак, со оваа победа битката за опстанок на Торино не е завршена. Тимот е петнаесетти со 34 бода, а зад него се Специја (34), Каљари (32) и Беневенто (31) кои ќе се борат да го избегнат последното место на табелата кое води во Серија Б догодина.