Кошмарот на младата ѕвезда на Барса продолжува, претрпе и трета операција

Младата ѕвезда на Барселона од која се очекуваше огромен подем, Ансу Фати дефинитивно нема среќа. 

Иако има само 18 години, Фати беше подложен на трета тешка операција, а сезоната за него е веќе одамна завршена. Младиот фудбалер замина под нож поради превентивни причини, а целта на тоа е да се заштити менискусот како круцијален дел од коленото за спасување на понатамошната кариера. 

Претходно, пред неколку години Фати ги оперираше коските на тибијата и фибулата и паузираше дури 12 месеци.Тој во ноември го повреди менискусот на коленото и беше веќе еднаш опериран, ама проблемот не исчезна. Откако стана јасно дека нема да се врати на време за крајот на сезоната, а ниту за Европското првенство, Фати се реши на нов зафат. 

Сега фудбалерот е опериран во тајност, а неговата состојба ќе биде позната во наредните денови. Докторите му понудиле на Фати дури и да го извадат менискусот во целост, но тој се двоуми бидејќи може понатаму во животот да има нови проблеми. Останува да видиме дали Ансу Фати ќе заздрави бргу и ќе биде на располагање на стартот на следната сезона.