• Горан Упале
Андреј Кубис, место цел живот да го памети овој ден, посакува што поскоро да го заборави. 21-годишниот романски дефанзивец имаше кошмарно деби во дресот на италијанскиот гигант Милан.
Масимилијано Алегри му даде шанса од првата минута против Челзи, а тој – целосно потфрли. Прво, во петтата минута си постигна автогол, а само тринаесет минути подоцна го собори Жоао Педро и заслужено доби црвен картон.
- Автоголот на Кубис:
- Црвениот картон на Кубис:
Инаку, 21-годишниот дефанзивец минатата сезона настапуваше за У23 тимот на Милан и одигра 34 натпревари во кои заработи осум жолти картони и два црвени.



