ВИДЕО: Кошмарна вечер за Манкосу - ВАР му поништи ЕВРОГОЛ па промаши и пенал

Екипата на Лече иако не знае за победа или реми по рестартот на сезоната, покажа дека е тим кој игра без „почит“ кон противникот и не се плаши да тргне по гол. Иако примија 14 голови на четири средби, тимот предводен од Ливерани покажа дека до крај ќе се бори за опстанок во лигата. 

Оваа екипа експресно поведе на натпреварот против второпласираниот Лацио и преку Манкосу стигна до гол уште во втората минута. Играчот за врска постигна еврогол, кога од преку 20 метри го погоди самиот горен агол од голот на Стракоша, сепак во ситуацијата се вмеша ВАР технологијата, која поради игра со рака го поништи атрактивниот погодок. 

  • Поништениот погодок на Манкозу: 

Дека среќата не е на страната на Лече покажа и голот на Лацио, кога со многу среќа Каиседо го отвори резултатот, но до полувреме домаќинот израмни преку Бабакар. Агонијата на Манкозу продолжи и кога го промаши голот од пенал пред крајот на првиот дел.