ВИДЕО: Кошмарен кам-бек на Потер во Брајтон, Тотенхем од 2-0 до триумф кај Борнмут

Екипата на Брајтон приреди огромно изненадување во рамките на 14. коло и успеа на својот „Амекс“ да го шокира Челзи со 4-1 (3-0). Кам-бекот во поранешниот дом мина ужасно за Грем Потер, а од друга страна Роберто Де Зерби ја запиша првата премиерлигашка победа. Домашните уште во првиот дел дојдоа до три гола предност кои успеаја да ги одбранат до крајот. 

  • Челзи - Брајтон 4-1:

Многу рано Брајтон дојде до водство. Леандро Тросар доби проигрување од Митома и погоди за водство (1-0) по пет минути игра. Набргу потоа Рубен Лофтус Чик во обид да расчисти ја затресе мрежата на Едуард Менди за удвојување на позитивата на домашните. Иако Челзи се закануваше, Брајтон даваше голови, па со уште еден автогол преку Чалоба на семафорот дојде до 3-0.

На стартот на продолжението Каи Хаверц експресно ја врати надежта на „сините“ со погодок за 3-1. Сепак, Челзи не успеа да се наметне и да го притисне ривалот во целост, иако имаше неколку обиди. Откако гостите не успеаја да дојдат до гол, на спротивната страна Паскал Грос по одбиена топка од Менди погоди за конечните 4-1.

Неверојатен натпревар одиграа и фудбалерите на Тотенхем. Избраниците на Антонио Конте губеа со 2-0 против Борнмут, меѓутоа режираа епски пресврт и на крајот го добија дуелот со 2-3. „Црешите“ поведоа со погодоците на Кифер Мур во 22. и 50. минута од средбата. Рајан Сесењон ги врати „петлите“ во игра, за Бен Дејвис да погоди за 2-2 во 73. минута. Долго време Тотенхем притискаше, а Родриго Бентанкур беше човек на одлука и го комплетира пресвртот на „Виталити“. 

  • Борнмут - Тотенхем 2-3:

  • Њукасл - Астон Вила 4-0:

На останатите терени Кристал Палас славeше со Саутемптон (1-0), Њукасл ја декласира Астон Вила (4-0), а Брентфорд и Вулверхемптон одиграа реми (1-1).

  • Кристал Палас - Саутемптон 1-1: 

  • Брентфорд - Вулверхемптон 1-1: 

Попладнево се игра уште дуелот меѓу Фулам и Евертон. 

Состави

Roberto De Zerbi

3-4-2-1

    Грем Потер

    3-4-2-1