• Мартин Танасковски
Бразилската ѕвезда Нејмар никако да крене глава од повреди и да фати ритам, а најновите информации кои доаѓаат од Бразил за него се лоши.
Како што пишува „Глобо“, последната повреда која ја доживеа на последниот меч за бразилски Сантош е повеќе од сериозна. Нејмар се врати по еден месец пауза, но го напушти теренот во солзи.
Според бразилскиот весник, готова е и оваа сезона за Нејмар, кој од стартот на сезоната 2022/23 одигра само пет меча во најдобрите светски лиги.