Кошелни не отпатува со Арсенал на турнеја и сигурно ќе го напушти Лондон

Кошиелни

Францускиот дефанзивец Лорен Кошелни реши да не и се прикличи на екипата на Арсенал на подготвителната турнеја во САД.

Тој со оваа постапка докажа дека дефинитивно ќе си замине од Лондон и дека од наредната сезона ќе игра за друг клуб. Неговиот најголем проблем во кариерата се честите повреди поради кои не може да го покаже максималниот потенцијал.

„Топџиите“ со соопштение изразија разочараност од оваа неочекувана постапка на Французинот.

Кошелни најверојано ќе се врати во својата татковина каде има понуда од екипата на Бордо.