Коронавирусот се шири во Динамо Загреб, позитивни четворица нови фудбалери

Екипата на Динамо Загреб се подготвува за новиот предизвик во групната фаза од Лигата на Европа, но во пресрет на дуелот со Волфсбергер стигнаа лоши вести од последното тестирање за коронавирус. 

Тамошните медиуми пишуваат дека во редовите на „модрите“ има нови позитивни случаи на новиот вирус, но засега не се откриваат нивните идентитети. Се работи за четворица „позитивни“ фудбалери, а се надеваме дека меѓу нив не е нашиот репрезентативец Аријан Адеми.

Искусниот капитен на Динамо Загреб е еден од клучните фудбалери во филозофијата на селекторот Игор Ангеловски и сигурно ќе биде од големо значење доколку биде во можност да истрча на терен во финалето од Лигата на нации против Грузија, кое носи учество на Европското првенство, следната година. 

По денешните резултати ситуацијата во редовите на Динамо Загреб е загрижувачка, затоа што заразени има и во стручниот штаб, како и во медицинскиот тим.