Коронавирусот го исплаши Мартинс и наместо за Монца потпиша за Шангај

Нигерискиот напаѓач Обафеми Мартинс, кој Европа го започна додека го носеше дресот на Интер, се предомисли и поради хаотичната ситуација во која живее Италија со пандемијата ковид-19, нема да потпише за третолигашот Монца. Иако се очекуваше по тринаесет години да се врати во Италија, Мартинс сепак се одличи за враќање во кинеската Суперлига. 

Кинескиот клуб Шангај Шенхуа, кој беше и последниот клуб за кој Оба-Оба настапуваше, му понуди нов едногодишен договор. За овој кинески клуб Мартинс настапуваше од 2016 до 2018 година. 35-годишниот Мартинс го носеше дресот на Интер од 2002 до 2006 година, а потоа се пресели во Њукасл.

Мартинс денес пристигна во Кина и веднаш ќе се приклучи на подготовките на својата нова екипа за стартот на Суперлигата во април.