Коронавирусот ги затвори трибините на Апенините!

Серија А

Фудбалските натпревари во Италија, како и оние од европските Купови, ќе се играат пред празни трибини, одлучи Владата, која го прифати предлогот на Фудбалскиот сојуз.

Коронавирусот се шири од ден на ден, па ваквите собири не се прифатливи во вакви вонредни ситуации. Мечевите од Лигата на шампионите, Лига Европа и оние од наредното коло од Серија А ќе се играат зад затворени врати и без присуство на навивачи.

Најзагрозен е северниот дел од Апенините, каде веќе има неколку жртви од смртоносниот вирус. Голем број спортски настани беа одложени од безбедносни причини.

Се очекува оваа одлука да биде официјална во наредните неколку дена...