Коринтијанс го совлада Флуминенсе и ја слави седмата титула шампион на Бразил

Фудбалерите на Коринтијанс на три кола до крајот на шампионатот, по победата од 3-1 против Флуминенсе и математички се нови шампиони на Бразил. По денешниот триумф, „бело-црните“ имаат десет бода предност пред Гремио.

Најзаслужен за победата против Флуминенсе беше поранешниот играч на Манчестер Сити, Жо, кој на стартот на вториот дел постигна два гола и го сврте резултатот во полза на Коринтијанс (2-1). Победата ја потврди Жадсон пет минути пред крајот, по што започна прославата на титулата.

За тимот на Коринтијанс новата титула е нивна седма во шампионатот на Бразил, а прва по 2015 година.