Коринтијанс го отпушти тренерот Боргес по поразот во дербито со Палмеирас

Еден од бразилските клубови со најмногу навивачи Коринтијанс го отпушти тренерот Кристовао Боргес по поразот со 0-2 во градското дерби со Палмеирас.

Неговиот помошник Фабио Кариле ќе биде привремен избор до крајот на сезоната во Бразилерао. Боргес ја презеде функцијата од Тите, кој беше назначен за селектор на репрезентацијата на Бразил.

Сао Паоло го зазема петтото место на табелата со 41 поени по 26 одиграни натпревари, а лидер е Палмеирас со 51 поени. Коринтијанс со Кариле на клупата во следното ќе го пречека Флуминензе на 25 септември.