Кореецот Сон заминува од Тотенхем и се сели во американската МЛС лига!

Кореецот Хеунг Мин Сон најверојатно го напушта англискиот Тотенхем и се сели во екипата на Лос Анџелес ФЦ, јавија американските медиуми. 

Уште пред еден месец беше објавено дека Сон има богата понуда од американски и саудиски клубови, но изгледа дека изборот „паднал“ токму на Лос Анџелес, кој има големи амбиции во МЛС лигата. 

Сон беше вистинска ѕвезда на лондонските „петли“ и капитен на тимот, но изјави дека се „заситил“ од англискиот фудбал, особено по освоената титула во Лига Европа минатата сезона. Се очекува неговиот трансфер да биде потврден најдоцна до крајот на следната седмица. 

Во дресот на Тотенхем одигра 333 лигашки натпревари и постигна 127 голови, со што влезе во историјата на клубот како еден од најголемите легенди. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.