ВИДЕО: Кордаз со двоен „стоп“ за Несторовски, Удинезе само до бод со Кротоне

Екипата на Удинезе важеше за голем фаворит на домашен терен против Кротоне, но не успеа да дојде до посакуваниот резултат (0-0) во натпреварот кој ја отвори 12-тата рунда во италијанската Серија А.

  • Извештај од натпреварот:

„Зебрите“ имаа неколку сериозни шанси кои не ги искористија благодарение на рсаположениот голман Кордаз, кој бранеше одлично. Две од приликите ги имаше и македонскиот напаѓач Илија Несторовски, во 32. и 47. минута, кога чуварот на мрежата на Кротоне со рефлексни интервенции ја сочува својата мрежа.

Во 67. минута Удинезе дојде и до гол, но истиот беше поништен поради офсајд.

Удинезе по ова реми останува на десеттото место во Серија А, додека Кротоне е фенерџија и е закован на дното.