Кораб лесен залак за „гипсарите“, рутинска победа за Ренова во Тетово

Ренова одигра уште еден пријателски натпревар и запиша победа над второлигашот Кораби (3-1).

Ова беше одлична потврда за формата во која што играат „гипсарите“ во пресрет на новата сезона во домашното првенство.

Домаќинот на денешната средба поведе со три гола, а потоа му дозволи на противникот да се радува на еден погодок. Рамадани отвори, зголеми Шефити, а точка на мечот стави Гафури. Гостите од Дебар постигнаа утешен погодок со удар од белата точка.

Наредната недела започнуваат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а во првото коло Ренова ќе ја пречека екипата на Струга Трим Љум.