• Мартин Танасковски
Романскиот гигант Динамо Букурешт беше гостин во Битола кај Пелистер по повод 80. годишнината на „зелените“. Дуелот го доби македонскиот тим со 0-2, а по мечот своите импресии ги сподели Жељко Копиќ, хрватскиот стратег кој го води романскиот клуб.
„Најпрво, честитки за Пелистер за 80-тиот роденден. Се работи за клуб со голема традиција и многу квалитетни работи низ својата историја. Драго ми е што го зголемивме со нашето присуство овој роденден. Благодарност и до сите на гостопримството, се е на високо ниво, само теренот не беше во најдобра состојба, но двата тима дадоа се од себе. Овој меч добро ќе ни послужи за продолжението на првенството во Романија. Го видовме и Мирко Ивановски, тој беше мој играч во Хајдук и Славен Белупо, играше и за Динамо Букурешт, така што на негова иницијатива и повик се договоривме да играме во овој термин“, изјави Жељко Копиќ.
Двата гола на натпреварот на стадионот „Петар Милошевски“ паднаа во второто полувреме. Динамо Букурешт сега се насочува кон домашното првенство, додека Пелистер ќе чека крај на Локалните избори за да продолжи со лигата.

