• Зоран Мишевски
Иако оствари одлични резултати, го елиминира Трабзонспор и се квалификува за групната фаза на Лигата на шампионите, Јес Торуп доби отказ од клупата на данскиот шампион, Копенхаген. Клубот од главниот дански град го отпушти својот тренер поради лошиот почеток на сезоната во домашното првенство. Торул веднаш беше заменет со неговиот помошник Јакоб Неструп.
„Оваа сезона не гледаме никаков развој или стабилност во тимот и затоа ја прекинуваме соработката со Јес Торуп“, објави претседателот на клубот Алан Агерхорм.
Копенхаген неочекувано собра шест порази од десет натпревари во првенството, а во групата Г од Лигата на шампионите забележа пораз и реми во два натпревари. Ова е најлошиот почеток на сезоната за четиринаесеткратиот шампион на Данска.
Новиот тренер Неструп беше тренер на Виборг пред да стане помошник на Торуп во Копенхаген.