Копа Америка 2020: Аргентина, Чиле и Уругвај во иста група, Бразил имаше среќа

Копа Америка

Во текот на изминатата вечер се одржа ждрепката за групната фаза за 47-то издание на Копа Америка. Заедничко домаќинство на турнирот ќе имаат Аргентина и Колумбија, а натпреварите ќе се одиграат во периодот од 12 јуни до 12 јули.

Вчера беа извлечени две групи, Јужна и Северна зона, а најдобрите четири репрезентации на крајот ќе обезбедат место во четвртфиналната фаза.

  • ГРУПА А (Јужна зона): Аргентина, Чиле, Австралија, Боливија, Уругвај и Парагвај
  • ГРУПА Б (Северна зона): Бразил, Катар, Перу, Колумбија, Венецуела и Еквадор

Титулата ќе ја брани Бразил, кој оваа година на домашен терен го победи Перу во големото финале и стигна до деветтиот трофеј во натпреварувањето.