Координативен состанок на ФФМ и КФФ за полуфиналето во Лигата на нации

Челните лица на Фудбалската федерација на Македонија и раководството на Косовската фудбалска Федерација, денес во „Куќата на фудбалот“ одржаа координативен состанок во однос на организацијата на плеј-oф полуфиналниот натпревар меѓу македонската репрезентација и селекцијата на Косово за пласман на Европското првенство 2020. 

На состанокот во Скопје, претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини го предводеше координатвното тело кое го формираше нашата федерација, а во кое се и потпретседателот Лазар Ракиџиев и членот на Упрабниот одбор Борче Лазаревски, со цел да водат и координираат одредени активности поврзани со организацијата на натпреварот заедно со Косовската фудбалска Федерација. Гостите од Приштина ги претставуваа претседателот Агим Адеми и генералниот секретар Ерол Салиху.

Двајцата претседатели и нивните претставници разговараа за техничките детали околу организацијата на натпреварот на 26 март во Скопје, потоа за начинот на продажба и распределба на билетите и соработката со двете министерства за внатрешни работи и одделот на УЕФА за интегритет и безбедност.