• Горан Упале

Раководството на Севиља му го врачи отказното решение на аргентинскиот стручњак Хорхе Сампаоли по серијата лоши резултати на тимот во шпанскиот шампионат.
Сампаоли го презеде клубот во октомври минатата година, а по само шест месеци доби отказ. Севиља загуби четири од последните седум првенствени натпревари, вклучувајќи го и поразот од Атлетико Мадрид со 6-1, и моментално е само два бода над зоната за испаѓање.
„По поразот од Хетафе, клубот одлучи да се раздели со аргентинскиот стратег пред репрезентативната пауза“, се вели во соопштението на Севиља и се додава клубот веќе работи на изнаоѓање на нов тренер.
Ова е второ заминување на контроверзниот тренер од Севиља, откако беше тренер на клубот од Андалузија во сезоната 2016/17. Тогаш го напушти шпанскиот тим за да ја преземе репрезентацијата на Аргентина. Севиља моментално е на 14. место во Примера со 28 бодови.
Единственото натпреварување во кое Севиља бележи одлични резултати оваа сезона е Лигата на Европа каде во четвртфиналето ја чека двомеч со Манчестер Јунајтед.