Контроверзиите не стивнуваат: Сите спорни моменти од натпреварот Египет - Аргентина (ВИДЕО)

АргентинаКонтроверзиите по осминафиналниот натпревар меѓу Аргентина и Египет не стивнуваат. По драматичната победа на актуелниот светски шампион со пресврт од 0-2 на 3-2, на социјалните мрежи се појави видео-компилација со сите спорни судиски одлуки од натпреварот.

Во видеото се издвоени неколку ситуации во кои, според многумина, главниот судија Франсоа Летексије и ВАР-собата донеле одлуки во корист на Аргентина. Египќаните тврдат дека биле сериозно оштетени, посочувајќи го поништениот гол, недосудени ситуации и други спорни моменти.

Видеото експресно се прошири на интернет и повторно ги разгоре дебатите дали судењето имало влијание врз конечниот исход на еден од најконтроверзните натпревари на Светското првенство.

Состави

Лионел Скалони

4-1-3-2

    Hossam Hassan

    4-2-3-1