Контроверзен твит на Галагер: Тој што е одговорен за овој дрес, веднаш да го испратите во Вухан

Специјализираната интернет страница за дресови „Footy Headlines“, денес го привлече вниманието на англиската фудбалска јавност, откако го обелодени третиот дрес на Манчестер Сити, клуб со кој ќе се натпреварува во идната сезона. 

Ексцентричниот дизајн на дресот ги шокираше фановите на „граѓаните“, меѓу кои и Лиам Галахер, познатиот музичар од Манчестер кој своевремено беше дел од легендарната рок-група „Оејзис“.

„Тој што е одговорен за овој дрес на Манчестер Сити, уште со првиот лет да биде испратен во Вухан, заедно со оној кој прв ќе го купи“, напиша Галагер на социјалните мрежи.

Сепак, по извесен период познатиот пејач кој е голем фан на Манчестер Сити, го избриша контроверзниот твит, но критиките на фановите за дизајност не стивнуваат.