Контроверзен шпански аналитичар тврди: Мбапе заминува од Реал и се сели во Англија! 

Килијан Мбапе би можел да биде во центарот на еден од најголемите трансфери во европскиот фудбал доколку се покажат како точни најновите тврдења кои пристигнуваат од Шпанија.

Контроверзниот шпански фудбалски аналитичар Франсоа Галардо објави информација која предизвика големо внимание. Тој тврди дека францускиот напаѓач е незадоволен од одредени случувања во Реал Мадрид и дека веќе донел одлука да го напушти клубот.

Според Галардо, Мбапе планира да замине од „Сантијаго Бернабеу“ во летото 2027 година, а наводно ниту раководството на Реал Мадрид нема да му прави проблем доколку Французинот остане на ставот да си замине.

Најинтересниот дел од неговото тврдење е потенцијалната следна дестинација. Галардо не го откри името на клубот, но наведува дека Мбапе кариерата би требало да ја продолжи во Премиер лигата, при што како можен клуб се споменува Ливерпул.

„Килијан Мбапе е лут и разочаран од Реал Мадрид. Донел одлука да го напушти клубот во летото 2027 година, а Реал Мадрид нема да му застане на патот. Неговата следна дестинација е Премиер лигата“, напиша Галардо.

Шпанецот дополнително ја засили пораката со самоуверен коментар:

 „Крај, бум! А ако не е така, докажете ми дека грешам“.

Засега нема официјална потврда ниту од Мбапе, ниту од Реал Мадрид, па останува да се види дали станува збор за најава на голем трансфер или само шпекулација. Сепак, доколку Мбапе навистина тргне кон Премиер лигата во 2027 година, трансферот сигурно би бил меѓу најголемите во последните години.