• Саше Љолес
Дел од македонските прволигаши денес одиграа контролни средби кои треба да послужат за темпирање на формата пред почетокот на новата сезона во Првата фудбалска лига.
Најтрофејниот клуб во Македонија, Вардар, загуби со минимални 1-0 од тимот на Словенска Бистрица, додека битолски Пелистер ремизираше против Силекс со конечни 2-2. На паузата резултатот гласеше 1-1, а стрелци за „зелено-белите“ беа Бојан Спирковски и Андреј Силјановски.
Поранешниот шампион на Македонија, Шкупи, одигра нерешено против турскиот Генчлербирлиги (2-2), а двата гола беа дело на Норвежанецот Емануел Гронер, кој биеше прецизно во 53. и 84. минута.
Пријателски натпревар одигра и новопечениот прволигаш, Беса, која ремизираше против романската екипа, Металул Бузау (1-1).