Контрола на Брага во Хернинг, Мидтјиланд игра за одмазда

Брага

Мидтјиланд со четири бода во два меча со Црвена Звезда целосно се вклучи во борбата за пласман во нокаут-фазата од Лигата на Европа, но сето тоа го уништи со двата врзани порази во првенството, па со разнишана самодоверба го пречекува лидерот во групата Ф. Брага со три врзани победи во ова натпреварување изби на лидерската позиција и доволен ѝ е и бод во Хернинг за да обезбеди премин во следната фаза.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Лига Европа >>>

Избраниците на Карлос Карвалхал во добра мера ги залечија раните од првенствениот дебакл против Бенфика (1-6) со убедливото славје над Санта Клара во Купот на Португалија (6-0), па може да се каже дека во Данска отпатуваа во добро расположение. Брага дојде до голем пресврт во првиот меч на овие две екипи во групата и победи во вториот дел (3-1), па покажа дека има квалитетен тим, но Мидтјиланд е целосно непредвидлив, па би можеле да гледаме прилично возбудливо и неизвесен натпревар.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Мидтјиланд - Брага >>>

Првата пресметка на овие две селекции беше ефикасна, пред сè поради тоа што Данците рано поведоа во Брага, додека сега очекуваме Португалците да влезат со многу поголема претпазливост и контрола врз играта, бидејќи реми ќе им обезбеди европска пролет. Избраниците на Бо Хенриксен немаат многу простор за калкулации, бидејќи ремито ги остава во игра само доколку Црвена Звезда не го совлада Лудогорец на домашен терен.

Веруваме дека Брага ќе успее да го потврди квалитетот и да извлече позитивен резултат, па комбинацијата Х2 и 0-3 ни изгледа сосема реална. Оние кои бараат поголема квота, можат да се обидат со чист „икс“.