• Зоран Мишевски

Тренерот на Интер, Антонио Конте смета дека исходот од последниот натпревар од Лигата на Европа сезонава можеше да биде различен доколку неговиот тим ја искористеше одличната шанса на Лукаку при 2-2.
На прес-конференцијата по финалето Келн, тренерот од Лече изјави:
„Беше комплексно, избалансирано финале и во второто полувреме еден момент можеше сè да промени. Имавме добри шанси да постигнеме гол, но реализацијата не беше на ниво. Севиља постепено го намали интензитетот и ги казни нашите промашувања.
Игравме против искусен тим кој ја освои Лига Европа неколку пати и во ниту еден момент не ја загуби довербата. На крајот, тоа искуство одлучи“.
Севиља го освои шестиот трофеј од Лигата на Европа во своето шесто финале, а Интер вторпат е поразен во петтиот завршен натпревар.