• Мартин Танасковски
Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, кој беше едно од најжешките имиња на почетокот на преодниот рок, се веруваше дека сигурно ќе го напушти тимот и за многу сериозна сума, а се споменуваа огромни бројки од над 100 милиони евра.
На крајот, по многу прашања, понуди и преговори, не замина, а сега дури се најде во шокантна ситуација да биде надвор од тимот на новиот тренер Антонио Конте. Тоа го потврди и самиот стратег по триумфот на Наполи над Парма
„Ниту еден играч нема да биде вратен во тимот. Оние кои се надвор од проектот ќе останат надвор од него. Ние го направивме нашиот избор и сите ќе работиме во оваа насока. Задоволен сум од работата што клубот ја направи на пазарот. Да беше продаден Осимен, ќе ја комплетиравме ситуацијата, но јас и вака сум среќен“, кажа Конте.
На овој начин еден од најскапите и до неодамна посакуваните напаѓачи во европскиот фудбал ќе остане надвор од составот на неговиот тим и веројатно ќе се направи уште еден обид за раздвојување на двете страни во јануари.