• Горан Упале

Веднаш откако Њукасл и официјално доби нов сопственик, започнаа приказните за тоа кој ќе биде нов менаџер, и кои ќе бидат засилувањата... Името што најчесто се споменува е она на Антонио Конте.
Самиот Конте, кој го напушти Интер на крајот од минатата сезона, призна дека секој амбициозен проект му изгледа интересен, но не сакаше да открие дали тоа го мисли и за Њукасл.
„Генерално, сакам предизвици и прифатив многу во текот на мојата кариера. Јас барав проекти, но тие мора да одговараат на мојата визија и принципи. Клубовите што ги водев не беа фаворити кога дојдов кај нив. Парите не се пресудни во изборот“, рече Конте.
Инаку, според англиските обложувалници, Конте е најголемиот фаворит за клупата на „страчките“, а високо рангиран е и Стивен Џерард, кој во моментов ги предводи „ренџерси“. Сепак, она што може да го намали расположението на навивачите на Њукасл е претходната изјава на Конте, во која вели дека нема да ги преземе тим среде сезона.