Конте за можното враќање во Јуве: Тоа е непочитување, среќен сум во Тотенхем!

Италијанскиот стручњак и менаџер на Тотенхем, Антонио Конте вели дека гласините за неговата преселба во Јувентус се „непочитување“ кон него.

Тој изјави дека тоа е знак на непочитување и кон тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

„Мислам дека тоа е чисто непочитување кон тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри и непочитување кон мене што работам во Тотенхем. Само што ја започнавме сезоната. Многупати се спомнува оваа тема и секогаш сум велел дека сум среќен во Тотенхем“, изјави Италијанецот на прес-конференцијата пред дербито со Арсенал.

Конте минатата сезона успеа да го врати Тотенхем во Лигата на шампионите, а годинава тимот нема пораз во првите седум кола и е на третото место, со бод помалку од водечкиот Арсенал.