• Горан Упале

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте изјави дека на неговиот клуб му требаат уште најмалку два преодни рока за да влезе во борбата за титулата во Премиер лигата.
Тотенхем ја започна новата сезона со три победи и едно реми и има ист учинок како шампионот Манчестер Сити, а единствено поефикасен е најголемиот ривал Арсенал, кој забележа четири победи.
„Кога ќе го споредиме ова со минатата сезона, сега сме поконкурентни, но за да го достигнеме највисокото ниво ни треба повеќе време, трпение и два преодни рока“, изјави Конте.
Во текот на овој летен преоден рок во Тотенхем од Интер пристигнаа хрватскиот репрезентативен напаѓач Иван Перишиќ како слободен играч, како и Ричарлисон, Ив Бисума и Џед Спенс за кои лондонскиот клуб плати милионска отштета.