Конте: Време е Кејн да покаже дека е еден од најдобрите во историјата

Антонио Конте, менаџерот на Тотенхем, испрати пофални зборови за играта на Хари Кејн, нагласувајќи дека англискиот капитен заслужува место во историјата.

Медиумите веќе извесно време најавуваат заминување на Кејн од Тотенхем, а меѓу заинтересираните клубови наводно има и европски и англиски великани. Конте е свесен за квалитетот што го поседува неговиот играч.

„Кејн заслужува важна позиција во светот на фудбалот. Хари е на вистинската возраст да покаже дека може да биде еден од најдобрите во светот и во историјата. Тој веќе е во историјата поради сите голови кои ги постигна за клубот и репрезентацијата. Зборуваме за фантастичен играч. Тешко е да му помогнеме да напредува, но ние се обидуваме да го охрабриме“, изјави Конте.

Италијанскиот стручњак е задоволен од формата на тимот по репрезентативната пауза, особено од победата на Њукасл со 5-1. Викендов „петлите“ ги чекаат дуел со Астон Вила во Бирмингем.