Конте: Тројца фудбалери беа неверојатни, среќен сум поради победата!

Фудбалерите на Челзи ја прекинаа серијата од неуспеси и вчера славеа победа против тимот на Ватфорд со 4-2, иако до 60. минута губеа со 1-2. По натпреварот манеџерот Конте го пофали целиот тим, но посебно одушевување искажа за тројца свои фудбалери, кои и го направија пресвртот во завршните 30 минути.

„Тројца фудбалери на натпреварот против Ватфорд беа неверојатни. Некогаш тие го прават вистинското на теренот, некогаш не. Работата на тренерот е да ги забележи недостатоците на тереннот и да ги направи вистинските замени. Јас сум одушевен од Батчуаији, освен двата гола беше извонреден во сите сегменти на играта. Исто така одлични беа Вилиан и Аспиликуета, тие го свртеа резултатот. На крајот едноставно сум среќен поради тешко извојуваната, но заслужена победа“, изјави Конте по победата на Челзи.

Во следното коло актуелниот шампион на Англија игра на гостински терен против Борнмут.