• Горан Упале
Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте изјави дека Ричарлисон ќе заздрави на време од повредата што ја заработи против Евертон во саботата, и ќе биде подготвен за Светското првенство во Катар
По натпреварот Ричардсон беше многу загрижен дали ќе успее да победи во трката со времето, бидејќи минатата сезона поради слична повреда беше надвор од терените два месеци.
„Без грижи. Можам да потврдам дека не постои ризик Ричарлисон да го пропушти Светското првенство. Да, тој беше повреден, но повредата не е сериозна. Сигурно му треба малку време да заздрави и да се врати во форма. Се надевам дека ќе игра за нас пред да замине на подготовките за Светското првенство.
Среќен сум поради него затоа што Светското првенство е сон на секој играч. Секако, среќен сум и за нас, бидејќи зборуваме за играч кој секогаш дава сè од себе кога е на теренот“, рече менаџерот на Тотенхем.
Ричарлисон е најголемото летно засилување на Тотенхем, тим кој оваа сезона игра на високо ниво и по десет одиграни кола е на третата позиција во Премиер лигата.