Конте прави убиствено трио: Мертенс ќе им се придружи на Лукаку и Лаутаро

Белгискиот репрезентативец Дрис Мертенс на крајот на сезоната ќе го напушти Наполи на истек од договорот. Сепак, тоа не значи дека ќе си замине од Италија, бидејќи сите големи клубови се интересираат за Белгиецот.

Рома, Јувентус и Интер се распрашуваат кај менаџерот на Мертенс, а тренерот Антонио Конте и првиот човек на Интер, Џузепе Марота, сакаат да го ангажираат како партнер на Лукаку и поддршка за Лаутаро Мартинез.

Мертенс во изминатите шест сезони одигра 296 натпревари за Наполи со одлични 116 голови и 69 асистенции. Марек Хамшик е единствен фудбалер на Наполи со повеќе голови во историјата од Мертенс.