• Горан Упале
Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте беше бесен по ремито на неговиот тим со Саутемптон во Премиер лигата. Натпреварот на „Сент Мери“ заврши со резултат 3-3, иако гостите од Лондон на петнаесет минути пред крајот имаа предност од 1-3.
„Навистина сум вознемирен по сето она што го видов денес, бидејќи ова не ни се случува првпат. Кога водиш со 3-1, а остануваат уште само петнаесет минути, мислам дека треба да победиш. Ја загубивме карактеристиката што не красеше минатата сезона“, изјави Антонио Конте, а потоа почна да исфрла оган:
Ние не сме тим. Тим сме во кој секој мисли за себе. Сето ова не е случајно, губиш од Шефилд Јунајтед и испаѓаш од ФА Купот, потоа против Милан во Лигата на шампионите и сега ова... Не гледам чувство на одговорност кај играчите“.
Тотенхем сè уште е четврти на табелата, но има само два бода повеќе и исто толку одиграни натпревари од петтопласираниот Њукасл.