• Горан Упале

Кристијан Стелини, кој во отсуство на суспендираниот Антонио Конте го презеде водството на тимот на натпреварот на Тотенхем против Олимпик Марсеј, беше задоволен од реакцијата на играчите по лошиот старт.
Лондонскиот гигант со пораз ќе испаднеше од Лигата на шампионите, губеше со 1-0 на полувреме, но на крај победи со 1-2 со голот на Хојбјерг во 95. минута, па заврши прв во групата.
„Многу сум горд. Публиката беше огнена, Олимпик Марсеј ја контролираше играта во првото полувреме, а ние не притискавме и немавме енергија. Но, во вториот дел работите се променија и среќен сум што натпреварот заврши со наша победа“, изјави Стелини.
Задоволен на трибините, особено по победничкиот гол, беше и менаџерот Антонио Конте.
„Разговарав со Антонио, тој беше многу уморен. Ја доживуваше средбата од трибините, и тоа не е нормално - можеби потроши повеќе енергија на трибините отколку што обично троши во близина на аут линијата“, додаде Стелини.
Antonio Conte’s reaction to tonight’s result is everything
— The Spurs Web (@thespursweb) November 1, 2022
Покрај Тотенхем во осминафинале од групата Д се пласира и Ајнтрахт Франкфурт, кој синоќа на гости славеше над Спортинг.