Конте: Неуспешна сезона? Па, Јунајтед со Роналдо е седми

Во заостанат натпревар од 22. коло во Премиер лигата, лондонските гиганти Тотенхем и Арсенал ќе го одиграат можеби најважниот натпревар сезонава. Двете екипи се борат за четвртата позиција, последна која што води во Лигата на шампионите, па затоа победата ќе им биде императив.

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте изјави дека претстојниот натпревар против Арсенал е од големо значење за неговиот тим, а потоа одговори на прашање дали смета дека сезоната е успешна за нив.

„Многу важен натпревар за нас, сакаме да ја задржиме шансата за пласман во Лигата на шампионите. Исто така, ова е дербито на северен Лондон, го знаеме ривалството на двата клуба, но пред сè сакаме да победиме.

Ме прашувате дели сезоната е успешна за Тотенхем. Па, видете го Манчестер Јунајтед. Во тимот ги има Варан, Санчо, Роналдо и може да заврши на шестото или седмото место. Мислам дека оваа сезона е многу успешна, особено поради односот што го направив со играчите и резултатите што ги постигнавме откако дојдов. Но, работата не е завршена“, истакна Конте.

Големото дерби на северен Лондон се игра в четврток од 21:00 часот на „Тотенхем Стадиум“.