• Горан Упале

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, смета дека Оле Гунар Солскјер треба да остане на чело на клубот од „Олд Трафорд“ и покрај дебаклот против Ливерпул (0-5).
„Црвените ѓаволи“ освоија само еден бод на последните четири натпревари во Премиер лигата и моментално се на петтото место со 15 бода, колку што имаат уште Евертон, Лестер и Арсенал.
По поразот од големиот ривал, многу навивачи на Јунајтед бараат челните лица на клубот да го отпуштат Солскјер, а британските медиуми шпекулираат дека Антонио Конте е првиот фаворит за негов наследник.
„Клубот нема да бара нов менаџер. Солскјер ќе остане, мора да освои нешто оваа сезона. Секој тим би имал проблем со ваков Ливерпул.
Жозе Мурињо беше најдобриот тренер на светот и не можеше да направи ништо. Не би го поканил Конте во Јунајтед, тој не би се вклопува во овој тим. Можеби грешам, но тоа е мое мислење. Би било погрешно да се отпушти Оле“, вели легендата на Јунајтед.
Конте е без ангажман по разделбата со Интер по крајот на минатата сезона, а во својата кариера има искуство во Премиер лигата, водејќи го Челзи, клуб со кој и беше шампион.