• Зоран Мишевски
Вторпат сезонава Наполи загуби на домашен терен во Серија А. Ако по поразот од Аталанта беше рзочаран, тренерот на наполитанците Антонио Конте не тагуваше премногу по поразот од Лацио.
Тренерот на Наполи е задоволен од изданието на неговиот тим и покрај поразот од 0-1.
„Не сум незадоволен или разочаран. Денешниот натпревар јасно покажа дека сме на добар пат. Се обидуваме да ја контролираме играта и додека ја поседуваме топката, создаваме ситуации кои му се закануваат на противникот.
Треба да се подобриме од оваа гледна точка. Одигравме добар натпревар со одличен став и агресивност против толку добар тим како што е Лацио“, изјави Конте.
По овој натпревар Лацио е на петтото место во поредокот со 31 бод, а второпласиран е Наполи со 32 бода.