Конте на маки поради СП: Против Брентфорд ќе игра без ниту еден учесник во Катар?

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте размислува за натпреварот со Брентфорд во својот стартен тим да нема ниту еден фудбалер кој што учествуваше на Светското првенство во Катар. 

Вкупно дванаесет фудбалери на „петлите“ настапија на Мундијалот, од кои двајца играа во големото финале – Лорис и Ромеро.

„Не сум многу среќен. Од една страна сум задоволен што од Тотенхем имаше дванаесет фудбалери на Мундијалот. Тоа значи дека добро работиме во напорите да освојуваме трофеи. Од друга страна, кога толку многу играчи играат на ваков турнир среде сезона, јасно е дека во моментов не се физички подготвени.

Невозможно е да им дадеме многу одмор... Од друга страна, работевме со оние кои не беа на Мундијалот четири недели и тие се во извонредна физичка состојба. Работевме и на некои тактички работи, така што тие сега се на ниво над оние што играа на Светското првенство“, рече Италијанецот.

Натпреварот Брентфорд – Тотенхем се игра в понеделник од 13:30 часот.