Конте на играчите им дели совети за секс: Брзо, кратко и без напор!

Антонио Конте, тренерот на калчолигашот Интер, важи за строг кога се работи за ситуацијата во соблекувалната. Така, тој им дал совети на играчите и за нивниот сексуален живот, за да може да се чувствуваат подобро на терен и на тренинзите.

Италијанецот не им забранува на играчите да имаат секс пред важните натпревари, но истовремено постојат правила како тие треба да го прават тоа со своите сопруги или девојки.

„Ги советувам играчите да имаат секс во кратки периоди, со минимален напор и да користат пози во кои ќе бидат под своите партнерки. И секако, да имаат секс со нивните сопруги, затоа што ако тоа е некој друг, бара посебна акција“, изјави Конте.

Интер игра одлично под водство на Антонио Конте и во калчото е меѓу најдобрите екипи. Исто така тимот е и во Лигата на шампионите и го чека борба за нокаут-фаза.