Конте: Можеме само да се помолиме за подобри судии во Италија!

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, по елиминацијата на неговиот тим од Комо во Купот на Италија, изјави дека сезоната за судиите и за ВАР-технологијата „не е добра“.

Сратегот на актуелниот италијански шампион истакна дека многумина, вклучувајќи тренери, играчи и навивачи, имаат причини да се жалат на одредени одлуки на теренот.

Конте додаде дека ситуацијата со судењето е таква што навистина „можеме само да се помолиме“ за подобрување, нагласувајќи дека е потребно да се изнајдат начини за зголемување на квалитетот на судиските одлуки и ВАР интервенциите.

И покрај критиките, тој истакна дека ова е само еден од факторите што го отежнуваат текот на сезоната за неговиот тим, особено во комбинација со бројните повреди што го погодуваат составот.

Наполи испадна од Купот на Италија и од Лигата на шампионите, па за „партенопеите“ останува само борбата во домашното првенство, каде имаат девет бода помалку од лидерот Интер.