Конте ќе тужи медиум поради лажни вести за негово заминување од Интер

Конте

Антонио Конте не сака да слушне за негова разделба со Интер. Има долгогодишен договор со тимот од „Џузепе Меаца“ и според него планира да го исполни до крај.

Деновиве во Италија се појавија неколку вести кои информираа кам-бек на италијанскиот тренер во Торино. Лошите односи со управата наводно го натерале предводникот на „неразурите“ да се врати во Јувентус и да го замени Маурицио Сари.

Тоа не му се допадна на Конте кој јавно изјави дека ќе бара правда на суд за овие лажни информации.

„Категорично негирам било какви контакти со претставниците на Јувентус, играчите и се прашувам - дали тоа значи дека го отпуштаат Маурицио Сари? Јас поднесов тужба против новинарот кој ја напиша статијата и уредникот на весникот кој дозволи да излезе во јавноста“, гласи пораката на трнерот на Интер.

51-годишникот е посветен на тригодишниот проект во Милано и сака да покаже дека клубот не погреши што го доведе и му ги исполни високите барања.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.