Конте ќе добие отказ од Тотенхем, но ќе си замине со милиони во џебот!

Екипата на Тотенхем најверојатно ќе добие нов менаџер. По јавното критикување практично на целиот колектив на лондонскиот гигант, по ремито со Саутемптон во Премиер лигата, Антонио Конте ги налути челниците на клубот и веќе наголемо се зборува за негово заминување.

<<< ПОВРЗАНО - Конте почна да „исфрла оган“: Ние не сме тим, гледам многу себични играчи!

Како што пишуваат тамошните медиуми, Тотенхем подготвува разговори со италијанскиот стратег околу условите за неговото заминување, а Рајан Мејсон веќе го презеде тимот и одржа тренинг. Првиот човек на „петлите“, Даниел Леви е подготвен да го отпушти Конте за време на тековната репрезентативна пауза, па внатрешните дискусии за условите за неговото заминување се во тек.

На Италијанецот му преостануваат уште само три месеци од актуелниот договор, кој е вреден 15 милиони фунти годишно - што значи дека Конте треба да добие отштета од четири милиони фунти. Разговорите за потенцијалниот пакет за отпремнина се во тек, иако сè уште нема индикации на што би можел да се согласи Конте.

Спарси во договорот со Италијанецот имаат опција да ја продолжат соработката на уште една сезона, но после целата ситуација тоа нема да се случи и најверојатно Мејсон одново ќе биде привремено решение.