• Иван Димовски

Предводникот на Тотенхем, Антонио Конте, зборуваше за ситуацијата во која се наоѓа првата ѕвезда на екипата, Хари Кејн. Напаѓачот беше еден од „виновниците“ што Англија беше исфрлена во четврвтфиналето на Мундијалот во Катар, откако даде еден гол, па промаши пенал за израмнување против Французите. Италијанскиот стручњак ја објасни состојбата во која се наоѓа Кејн.
„Кејн се соочува со чудна ситуација, бидејќи одигра навистина добар Мундијал. Англија стигна до четвртфиналето, тој го водеше тимот дотаму, меѓутоа промаши клучен пенал кој ги прати дома. Фудбалот е таков, има позитивни и негативни моменти. Ако сте физички стабилен, врвен играч, постои момент во кој сè негативното го тргате на страна и тргате напред.
Зборуваме за квалитетен фудбалер и посебна личност. Од тие причини навивачите на клубовите против кои играме треба да му аплаудираат“, рече Конте.
Тотенхем на кам-бекот во Премиер лигата одигра 2-2 против Брентфорд, а еден од стрелците беше токму Хари Кејн.