Конте ја посакува заборавената ѕвезда на Јунајтед

Откако Оле Гунар Солскјер пристигна на клупата на Манчестер Јунајтед, од теренот го снема Немања Матиќ.

Норвешкиот стратег не е голем фан на неговата игра, па почесто го гледаме Србинот на резервната клупа, отколку во игра. Поради тоа тој размислува да си замине од тимот со кој договорот му истекува налето.

Интер покажа интерес за него, а Антонио Конте го посакува уште во јануари. Според италијанските медиуми, тој би сакал да има на располагање фудбалер со квалитети како 31-годишникот од Шабац.

Кариерата на Матиќ започна во Колубара, а потоа од Кошице го однесе во Челзи. Потоа помина три години во Бенфика, а следуваше кам-бек на „Стемфрод Бриџ“, од каде пред две години се пресели во Манчестер.