Конте: Испуштивме четири бода во Рим, но докажавме дека тешко може да нѐ победат

Амбициозниот тренер на Наполи, Антонио Конте, разговараше со медиумите после ремито против Лацио во Рим (2-2) и рече дека и покрај примениот гол во финишот, се гордее на изданието на своите избраници. 

„Партенопеите“ имаат серија од три ремија во низа, со што си го доведоа во прашање првото место на табелата во Серија А, но Конте смета дека патот е долг и до крајот на сезоната може многу работи да се променат. 

„Разочарани сме затоа што на двете гостувања во Рим бевме близу до победа, но сепак загубивме четири бода. Не е лесно да го прифатите ова, но мораме да гледаме напред и да се фокусираме на следните мечеви.

Горд сум на моите избраници, прикажаа дека можат да се борат за највисок пласман. Ќе одиме чекор по чекор.

Докажавме дека е тешко некој да го победи Наполи, се надевам дека така ќе остане до крајот на сезоната. Има уште многу време за промени и изненадувања“, изјави Конте. 

Наполи сега има 56 бода, два повеќе од второпласираниот Интер, кој има и меч помалку. Во следното коло четата на Антонио Конте ќе гостува кај екипата на Комо

Состави

Marco Baroni

4-2-3-1

    Антонио Конте

    3-5-2