Конте има две опции за нов напаѓач во Интер

Конте

Антонио Конте не е задоволен од ростерот со кој располага, па започна „војна“ со управата на Интер и побара засилување во нападот во текот на зимата.

Во игра се две опции за „неразурите“, кои бараат замена за Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку. Тие двајца би добиле заслужен одмор, доколку пристигне ново офанзивно име во Милано.

Првата желба на италијанскит тренер е Оливие Жиру кој има договор со Челзи до крајот на сезоната. 33-годишникот не е во плановите на Френк Лампард, па нема да биде проблем да се преговара за неговите услуги.

Доколку тој трансфер не се оствари, Интер ќе се насочи кон Андреј Петања од екипата на СПАЛ. Проблемот со него ќе биде долгорочниот договор со тимот од Ферара, кој е во трајност до летото 2023 година.