Конте го донесе првото засилување: Му го украде кондициониот тренер на Реал Мадрид

Првиот чекор на Антонио Конте како нов тренер на Интер беше доведување на кондиционен тренер. Малку изненадувачки Конте го убеди Антонио Пинтус да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Милано.

Пинтус е човек од доверба на Зидан и високо котира во кулоарите во Италија и Шпанија. Тој го раскина договорот со „кралевите“ и се врати во Италија и заради семејни причини. Пинтус беше дел од тимот и на Анчелоти и на Зидан и со двајцата стана европски првак со Реал Мадрид.

Накратко си замина од Мадрид, кога Зидан се одлучи да ја напушти клупата во јуни 2018 година, но се врати во јануари годинава кога беше назначен Солари за наследник на Лопетеги.

Конте ќе се обиде да доведе и некој од прекубројните фудбалери на Зидан во Реал Мадрид.